Skip to main content
Свет

(Видео) Иран ја нападна американската морнарица во Бахреин

28/02/2026  11:08

Според бахреинската државна новинска агенција БНА, центарот на Петтата флота на американската морнарица „бил изложен на ракетен напад“ утрово.

Петтата флота на американската морнарица управува со операциите на Блискиот Исток, вклучувајќи го Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави на X дека се активирани сирените за предупредување и ги повика граѓаните и жителите да побараат засолниште.

Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите „насочени кон локации и објекти во границите на Кралството“ биле извршени надвор од неговата територија.