
Македонските превозници вчера започнаа со блокада на терминалите на сите гранични премини во државата.
Оваа одлука дојда поради револт од новиот систем на Европската унија кој македонските превозници ги третира како туристи односно тие не смеат да престојуваат повеќе од 90 дена во рок од шест месеци во земји членки на ЕУ.
Превозниците останаа на граничните премини цела вечер, а дел од нив имаа и добра забава.
На социјалните мрежи излегоа видеа каде се гледа камионџии кои на ГП Богородица вртат скара а во позадина оди музика, веројатно еден од најдобрите начини да се потроши времето додека трае блокадата.
Блокадите на превозниците продолжуваат и денес и ќе траат една недела.
