
Во Србија и денес продолжуваат протестите против власта на Александар Вучиќ и партијата СНС.

Покрај утринските инциденти во Нови Пазар, инциденти има во градот Краљево.
Имено, таму се одржува протест пред градскиот одбор на партијата СНС, а демонстрантите и поддржувачи на партијата кои се во штабот, меѓусебно се маваат со камења и се повикуваат на меѓусебна тепачка.
Пред штабот на партијата се десетици полицајци кои за сега, тешко го одржуваат редот, а на објектот скршени се неколку прозорци