Skip to main content
Скопје

(Видео) Гори западниот излез на Скопје, Ѓорче прекриено со чад

09/07/2025  14:46

Пожар пред малку избувна и во скопската населба Ѓорче Петров, кон западниот влез во градот.

Оган гори околу гробиштата и тамошната индустриска зона, а густ чад носен од ветрот ја прекри скоро целата населба Ѓорче Петров.

Поради силната миризба и густиот чад отежнато е дишењето кај граѓаните кои се во непосредна близина на пожарот, а со тешкотии се одвива и сообраќајот.

Чадот се гледа дури од Центар и Аеродром.