Skip to main content
Македонија

(Видео) Глисер експлодираше во близина на пристаниште во Охрид

30/06/2025  11:37

Пловен објект најверојатно глисер утрово експлодираше во близина на охридската марина.

На видеото што ексклузивно го објавува 24инфо се гледа пламен и црн густ чад проследени со експлозии.

Граѓаните и туристите кои се затекнаа во близина на експлозијата беа доста вознемирени.

За сега нема информации за причината и обемот на штетата од пожарот.

Повеќе информации очекуваме од МВР.