
Дедо Мраз, им донесе нова градинка на дечињата во Центар. Ја исполнивме големата желба на најмалите и родителите од населбите Пролет и Маџир Маало, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски.
Градинката „Пролет” е изградена по највисоки стандарди за престој на дечињата и вработените. Оваа градинка е прва во населбата Пролет и прва градинка по 50 години.
Герасимовски, потенцираше дека е исполнета големата желба на најмалите и родителите од населбите Пролет и Маџир Маало.
На следниот линк погледнете како изгледаше дружбата на Герасимовски со дечињата.