Skip to main content
Хроника

(Видео/Фото) Запалено возило во населба Влае

16/09/2025  17:55

Доцna синоќа на улицата „Есперанто“ во скопската населба Влае опожарен бил еден патнички автомобил.

Од пожарот, како што се гледа и на снимката што ја објавува 24инфо.мк, зафатена била и оградата на блиска куќа, а за среќа самата куќа не била зафатена од огнот.

За сега, не се познати причините за настанување на пожарот, а местото каде горел автомобилот е во близина на семејната куќа на прмиерот Христијан Мицкоски.

Инаку, синоќа на авто плац во Пинтија, во подментат пожар, намерно беа запалени неколку возила.