Skip to main content
Хроника

(Видео) Две верижни сообраќајки со по три возила одвоени на излез од Скопје

27/07/2025  17:41

Две одвоени верижни сообраќајки во кои учествувале по три возила се случиле попладнево на само неколку чекори една од друга, на излезот од Скопје.

Според првичните информации од лице место на 24инфо, несреќите се случиле речиси истовремено и предизвикале застој во сообраќајот.

За среќа, во двете сообраќајки нема тешко повредени лица, но причинета е значителна материјална штета.

Надлежните служби веднаш излегле на терен, а полицијата работи на расчистување на патот и утврдување на причините за несреќите.