Skip to main content
Македонија

(Видео) Битиќи во поткаст ЗРАК за првпат зборува за неговата борба против дијабетот

05/01/2025  21:18

Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина, пратеникот во Собранието Фатмир Битиќи за првпат јавно проговоре за неговата борба со дијабетот. 

Битиќи изјави дека дијабетот прв пат го добил во своите доцни 30ти и како што кажа оттогаш е борец за правата на лицата пациенти од дијабет.

Тој истакна дека во изминатите години е направено доста во поглед на унапредување на лекувањето на оваа болест, но и дека државата има уште многу да направи тоа да се унапреди дополнително.

„Најдов еден податок дека во државата од сите лица кои се со дијабет тип еден кои се околу 3.300 лица, само 10% се со инсулински пумпи. Споредував податоци со Србија, со Словенија, да не одиме натаму во земјите на ЕУ, таму процентот на лица со инсулин тип еден кои користат инсулински пумпи е скоро стопроцентен. Замислете да имате инсулинска пумпа и си џи ем кои во ист момент ќе комуницираат и ќе кажат колкава доза на инсулин ќе му треба на телото во одреден момент, наместо да се боцкаш. Жалосно е кога гледаш деца кои треба 12 или 13 пати на ден да се боцкаат. Жалам што сме успеале нешто, но не доволно. Добро е што децата и лицата до 25 години се на таква терапија, но мислам дека треба да направиме исчекор затоа што дијабетот е состојба со која се живее и не секогаш треба да влијае на квалитет на живот“ посочи Битиќи.