Skip to main content
Хроника

(Видео) Автомобил изгоре во центарот на Скопје

10/04/2025  10:13

Пред малку автомобил се запали и изгоре во центарот на Скопје, на улицата Владимир Назор, спроти Клинички центар.

Засега не се познати причините за опожарувањето, а на лице место се екипи на полицијата и противпожарната бригада.

Повеќе информации очекуваме од МВР.