
Силно невреме го погоди Белград и одредени делови од Србија во раните попладневни часови. Според информациите од српските медиуми, најмалку осум лица се повредени, а причинета е голема материјална штета.
Бурни налети на ветер собориле кран на градилиште во Нов Белград, превртеле приколка за влечење, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви.
Како што може да се види на видеото, најмалку две згради останаа без покриви. Ветерот дуваше толку силно што ги крена покривите нагоре неколку метри, а потоа ги однесе.
Во близина на Белград на вода, од силниот ветер паднат е и еден семафор.