Skip to main content
Македонија

Вевчани и околните села в среда и четврток без струја

24/02/2025  12:50

Неселните места Вевчани, Октиси, Лабуништа и Добојвани ќе останат без струја на 26 и 27 февруари поради инвестициски зафати во дистрибутивната мрежа, информира градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски.

Според соопштението, в среда на 26 февруари во периодот од 9 до 16 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Вевчани, Октиси, Лабуништа влез на индустриска зона, училиштето во Велешта Амза, Каба, Кондри, бензинската Макпетрол, објектот „Алумина“ и селото Добојвани поради инвестициони зафати во ТС 31/10 Суво Поле.

Следниот ден, в четврток од 15 до 16 часот и 30 минути, без напојување со електрична енергија ќе останат Вевчани, Октиси, Лабуништа влез на индустриска зона, селата Велешта и Добовјани, бензинската Макпетрол и објектот „Алумина“ поради инестициони зафати во ТС 35/10 Лабуништа и ТС 35/210 Суво Поле.