
Познатата актерка и водителка Весна Петрушевска откри интимна и досега непозната од својот живот, дека во младоста била во љубовна врска со поранешниот премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. Ова признание таа го направи во најновата епизода на подкастот со Боки 13.
„Ме гледаше на една претстава и ми пријде. Со еден збор – шмекер!“, раскажа Петрушевска, додавајќи дека нивната врска траела речиси една година.
Според неа, Црвенковски бил „прекрасен, препаметен и прецизен во мислите“, но и вистински шмекер во приватниот живот. Таа откри дека за време на нивната врска се гледале во приватен стан во скопската населба Капиштец, додека тој сè уште ја извршувал функцијата премиер на Република Македонија.
„Го паметам како еден исклучителен човек, не само интелектуално, туку и човечки додаде таа без да открива повеќе детали.