Skip to main content
Забава

Верувања поврзани со Нова година: На 1. јануари во домот не смее прво да ви влезе жена

31/12/2024  10:19

Долгата традиција на славење на Нова Година доведе до многу суеверија кои и денес продолжуваат да преовладуваат во нашето општество.

Повеќето верувања се за работи што никогаш не смееме да ги правиме ако сакаме нашите планови и желби навистина да се остварат во наредната година.

Едно од важните верувања се однесува на емоционалните односи со драги луѓе. Имено, не треба да заборавите да им честитате Новата година на најблиските, затоа што ќе бидете далеку од нив во наредната година.

Финансиската безбедност е една од работите за кои се стреми секој од нас, затоа постои силна верба дека не треба да се позајмуваат пари на 31 декември и 1 јануари, бидејќи таквиот почеток на годината предвидува уште дванаесет месеци материјални проблеми.

Не изнесувајте ништо од куќата на 1 јануари!

Ова верување важи за апсолутно сè; се верува дека не треба да го фрлате ѓубрето од куќата на овој ден. Колку и да звучи ригидно, ова правило е флексибилно и различно во сите делови на светот.

Некои луѓе сметаат дека е во ред да се изнесуваат одредени работи на 1 јануари ако претходно нешто се донесе во куќата.

Постојат некои кои, сепак, сметаат дека не е добро дури да се тресат теписите тој ден.

Со сестистички тон, едно од старите верувања е дека првиот човек кој ќе го премине прагот на вашата куќа по полноќ не треба да биде жена затоа што некогаш се сметало дека жените носеле мизерија.

Исто така, некогаш се сметало дека првиот што влегол во куќата не треба да биде некој со руса или црвена коса.