Skip to main content
Спорт

Верстапен се откажа од борбата за титулата

27/07/2025  17:31

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, тврди дека е надвор од борбата за шампионскиот трофеј и дека не е конкурентен на возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.

Холанѓанецот не го дели мислењето на советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, кој верува дека шансите за титулата постојат.

– Хелмут не е во болидот. Јас знам дека треба да биде позитивен и оптимистички расположен, но јас секогаш сум многу реалистичен во врска со тоа како се чувствувам во автомобилот. Доволно ми е да ги видам другите болиди, рече четирикратниот шампион во Формула 1 во пресрет на трката за Големата награда на Белгија.