Skip to main content
Свет

Венс: Не сме во војна со Иран

22/06/2025  18:46

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс се надева на враќање кон дипломатијата по нападите на САД врз нуклеарните постројки во Иран во текот на ноќта.

-Не сме во војна со Иран, туку сме во војна со нуклеарната програма на Иран, изјави тој за американската телевизија Ен-Би-Си денеска, неколку часа по нападите на САД врз нуклеарните постројки во Иран во Фордо, Исфахан и Натанц.

„Не сакаме војна со Иран. Всушност сакаме мир“, рече тој, во услови на зголемена загриженост дека интервенцијата на САД во војната на Израел со Иран би можела да предизвика поширок регионален конфликт.

Венс рече дека ако Техеран одлучи еднаш засекогаш да се откаже од својата нуклеарна програма и не возврати со напади врз американските бази во регионот, Иран би можел да има добри односи со САД.