Skip to main content
Македонија

Венко Крстевски избран за в.д. градоначалник на Кочани

14/04/2025  13:58

Со 9 гласа „за“, со поддршка на советниците од советничката група на СДСМ, независниот кандидат Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани.

„Ќе бидам мост меѓу народот и институциите, Кочани да биде поубаво место на живеење, да се издигнеме од оваа апатија. Фокусот ќе ми биде на младите“, порача Крстевски по гласањето.

Претходно седницата за избор на в.д. градоначалник помина во тензична атмосфера, а советничката Кристина Атанасова од ВМРО-ДПМНЕ, чиешто дете е меѓу повредените во пожарот и сè уште се лекува во болница, низ солзи од говорницата поднесе оставка од местото член на Советот.