Skip to main content
Свет

Венецуелската влада ќе ослободи уште 116 политички затвореници

12/01/2026  16:02

Венецуелската влада денеска ќе ослободи уште 116 политички затвореници. Ослободувањето е во рамки на ветувањето дадено под притисок од САД, по апсењето на претседателот Николас Мадуро.
Одлуката доаѓа во услови на растечко незадоволство кај семејствата на притворените, кои со денови очекуваат реализација на најавеното ослободување, објавија француските медиуми.

Министерот за затвори Хулио Гарсија изјави дека мерката се однесува на лица обвинети за дела поврзани со нарушување на уставниот поредок и државната стабилност.

– Овие мерки им користеа на лицата лишени од слобода поради кршење на уставниот поредок и стабилноста на земјата, рече Гарсија.