
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Хил Пинто, упати благодарност до Русија за поддршката на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и за, како што наведе, јасната осуда на мешањето на САД во внатрешните работи на земјата. „Венецуела и Русија се братски земји и стратешки сојузници. Владата на Боливарската Република изразува длабока благодарност за изјавата на Русија со која ги поддржува барањата на суверената нација и ослободувањето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес“, напиша Хил Пинто на својот Телеграм канал, пренесува „ТАСС“.
Тој истакна дека Каракас ја цени и поддршката на Москва за правото на самоопределување на венецуелскиот народ, како и осудата на странското мешање од страна на Соединетите Американски Држави. Претходно, постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации, Василиј Небензја, изјави дека Москва изразува силна солидарност со Венецуела и ја поддржува политиката на нејзината влада во услови на, како што рече, надворешна агресија.
Тој повика на меѓународна правна оценка на дејствувањето на Вашингтон и побара ослободување на претседателот Мадуро и неговата сопруга. Според наводите, САД на 3 јануари нападнале цели во Венецуела, при што биле заробени Николас Мадуро и Силија Флорес.

