
Во Куманово денеска се одржа велосипедска друмска трка во кадетска машка и женска категорија во рамки на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF) 2025, кој се одржува во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска) од 20 до 26 јули 2025 година. Трката била во организација на Европскиот олимписки комитет.
Како што информираат од општинската прес-служба, женската трка се одржа на релација Куманово – Челопек – Куманово во должина од 50 км, а машката трка на релација Куманово – Драгоманце – Куманово во должина од 60 км.
Во женска категорија првите три места ги освоија претставници на Италија, Белгија и Велика Британија. Во машка категорија – претставниците на Австрија, Франција и Велика Британија биле најуспешни наведуваат од општината.