
Полицијата излезе со детали за несреќата која утрово се случи кај „Рекорд“ а во која беше прегазен еден велосипедист.
– Денеска (15.08.2025) околу 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки и велосипед управуван од И.Н. Во несреќата велосипедистот се здобил со повреди, по што е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, соопштија од МВР.