
Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, на денешната трибина којшто се одржа во Владата во врска со Оперативниот план 2025, насловена како „Визија за промена”, информираше дека Владата прави се младите луѓе и нивните семејства да бидат задржани во Македонија.
Со Оперативниот план, појасни и дека Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе придонесе што повеќе млади луѓе да останат во државата, а со тоа ќе се формираат повеќе семејства, што директно влијае на подобрување на демографската ситуација.
Како држава, нашиот прв приоритет треба да биде да ја доведеме ситуацијата на нула и, потоа, со системски решенија, да почнеме да градиме позитивен тренд.
„Благодарам за можноста да дискутирање, меѓутоа и за прашањето кое, еве, ја опфаќа демографијата, којашто министерката веќе ја напомена, нели, како една состојба со која се соочуваме во Македонија во изминатиот период. Многу добро кажа дека-правиме максимум да, пред сè, младите луѓе и нивните семејства бидат задржани тука, во Македонија. Министерството за социјална политика, демографија и млади пред само, нели, десетина месеци, се трансформираше, стави буквално на агендата демографијата да биде значаен сегмент од нашето работење и тоа преточено во сите оние мерки коишто ги преземаме и денес, меѓутоа и преку самиот Оперативен план, којшто, еве, имаме можноста како комплементарен елемент на целата состојба, да помогне во тоа да младите луѓе, пред сè, и сите останати, нормално своето работно место да го најдат, тука, во Македонија.
Сето она што е опфатено како мерки од самото Оперативен план, буквално, во секоја една од нив, во сите оние обуки или услуги, се елементи од самото министерство. Мислам, кого кажувам елементи кажувам на сите оние, чинители коишто министерството, нели, има обврска да се грижи за нив. А тоа се приматели, одредена гарантирана минимална помош, жените Ромки, лицата со попреченост и сите останати, коишто буквално во секоја една мера се застапени и можат да бидат, нели, корисници на самите мерки. И тоа е добро за да може секој еден од нив, пред сè, како чинител во општеството, да излезе токму од тој денешен предизвик што го имаат, нели, во моментов. Дали е тоа од сиромаштијата во која се наоѓаат, или во состојбата на попреченост, каде што, се нели сега, денес во општеството, е една можност голема за нив, како пред сè, луѓе и индивидуи, да станат дел од вработување, а потоа, нели, и од самиот круг на социо-општествено живеење.
Меѓутоа, сето ова што го работиме денес, поставување на правна држава, поставување на вакви мерки коишто се надоградени со подобри услови, токму за најмладите и оние до 29 години, отвораме буквално можноста да останат тука, во Македонија, да можат да бидат дел од системот за вработување и буквално својот живот и семејство да го креираат токму тука, во Македонија. Со тоа, и одговорот, претпоставувам, дека на дел од прашањето за демографијата се темели на тоа, да колку повеќе млади луѓе останат тука, толку повеќе семејства ќе се формираат во Македонија, што ќе има директен позитивен ефект на демографијата.
Прв момент, како држава, ја доведуваме во ситуација на нула, а потоа да почнеме и да градиме систем на таа да иде во една позитива. Така што, еве, самиот принцип на овој Оперативен план на Министерството, на пристапот што го имаме сите, како и на Влада и министерства, заеднички и неразделно, да можеме да придонесеме за тоа демографијата навистина да биде број еден во Македонија, во овој момент.”, рече Велковски.