Skip to main content
Спорт

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија

04/12/2025  16:19

Фудбалскиот сојуз на Србија потврди дека Вељко Пауновиќ е новиот селектор на националниот тим. Во спортскиот центар во Стара Пазова тој потпиша договор до 2030 година, кој му дава и пошироки овластувања над сите национални селекции.

„Преку следниот циклус на Лигата на нации, квалификациите за Европското првенство во 2028 година и борбата за Светското првенство во 2030 година, селекторот зацрта јасни приоритети: стабилност и континуитет во работата на националниот тим, зголемување на конкуренцијата во рамките на играчкиот кадар, јасна организациска структура во стручната служба, изграден систем на игра што не зависи од еден играч, туку од групата и кодекс на однесување во националниот тим што го враќа српскиот фудбал на местото што го заслужува“. – стои во соопштението на ФСС.

Пауновиќ веќе ја водеше Србија на два натпревари – пораз од Англија на „Вембли“ (2:0) и победа над Латвија (2:1). Тој е 12-ти селектор во историјата на репрезентацијата, а најголемиот успех му е светската титула со младинската селекција во 2015 година.