
Велика Британија денес, по американско-израелските напади врз Иран, објави дека „не сака да види понатамошна ескалација во поширок регионален конфликт“.
Тој додаде дека Велика Британија има низа одбранбени капацитети во регионот на Блискиот Исток и е подготвена да ги заштити своите интереси.
Би-Би-Си објави дека Велика Британија не учествувала во нападите на САД и Израел врз Иран.
Се очекува премиерот Кир Стармер денес да претседава со состанокот на владиниот комитет за вонредни состојби, Кобра.


