Skip to main content
Македонија

Вечерва започнува „Ноќно студио“ на 4TV

26/02/2026  14:24

Вечерва на каналот 4TV започнува емисијата „Ноќно студио“ со домаќинот и водител Јовица Пауноски.

Гости во првата емисија ќе бидат претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски и екс министерот за финансии Кирил Миноски.

Главна тема за разговор ќе биде минималната плата и нејзиниот износ, а ќе се отворат и други теми од областа на економијата и социјалната политика.

„Ноќно студио“ започнува во 20.00 часот.