
Вечерва ќе се емитува ново издание на „Ноќно студио“ на 4ТВ, чија што тема ќе биде се позачестеното семејно насилство, одговорот на институциите и системот, но и обврските на граѓаните сведоци на семејно насилство.
Во студиото гости ќе бидат: Ѓоков Велковски заменик министер за социјална политика, Марта Гусар, адвокатка и судски бранител на жртва на семејно насилство и Тања Спировска, сосетка на покојната Ивана која си го одзеде животот.
Што државата може, а што навистина прави во превенцијата и санкцијата на семејното насилство, како се докажува еден случај на семејно насилство пред суд и што се ѝ претходело на трагедијата во скопски Карпош се само дел од темите што вечерва ќе се опфатат.
Емитувањето на „Ноќно студио“ е со почеток во 20:00 а домаќин и водител е Јовица Пауноски.

