Вечерва е првото полуфинале на песна на Евровизија, која оваа година се одржува во швајцарскиот град Базел, после победата на Швајцарија минатата година.
Во првото полуфинале настапуваат 15 изведувачи, од кои 10 ќе се пласираат во финале.
Вечерва настапуваат Исланд, Полска, Словенија, Естонија, Украина, Шведска, Португалија, Норвешка, Белгија, Азербејџан, Сан Марино, Албанија, Холандија, Хрватска и Кипар.
Во четврток е втората полуфинална вечер, а во сабота вечер е финалето во кое ќе настапат 20 пласирани од двете полуфиналиња, и плус шесте сигурни изведувачи меѓу кои домаќинот Швајцарија, како и петте „вечни“ Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство.