Skip to main content
Магазин

Вечерва во 21:00 нова епизода на „Планетите зборуваат“ со Наташа Јанковска

14/03/2026  20:16

Во најновата епизода на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV, астрологот Наташа Јанковска вечерва од 21:00 часот ќе ги сподели своите најнови астролошки анализи и согледувања.

Љубителите на астрологијата ќе имаат можност да проследат ново издание од емисијата, во кое Јанковска ќе говори за влијанието на планетите, енергиите што го одбележуваат периодот и пораките што, според астролошките толкувања, можат да бидат важни за секојдневниот живот.

Новата епизода ќе биде достапна вечерва на 4TV, а подолу на линкот може да ја проследите емисијата.