
Вечерва во скопската населба Чаир се случила сообраќајна несреќа во која учествувал мотор, потврдуваат очевидци.
На местото на настанот присутни се повеќе полициски возила и припадници на полицијата, кои го обезбедуваат просторот и вршат увид.
Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица или жртви. Причините и околностите за настанот ќе бидат дополнително утврдени по завршувањето на полицискиот увид.