Skip to main content
Хроника

Вечерва сообраќајна несреќа во Скопје, 15-годишно дете тешко повредено со мотор

20/08/2025  23:01

Вечерва во скопската населба Радишани, во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа во која тешко повредено е 15-годишно дете.

Според првичните информации, малолетникот управувал мотор кога во него удрил автомобил, по што момчето паднало на земја и останало да лежи, додека моторот бил целосно искршен.

Очевидци за „4NEWS.mk“ велат дека момчето имало сериозни повреди и веднаш било пренесено со Брза помош во болница. Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба.

Фотографии од местото на несреќата покажуваат силен удар и целосно оштетен мотор.