Skip to main content
Хроника

Вечерва сообраќајка на три возила на „Партизанска“, повреден мотоциклист

19/02/2026  19:30

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот „Партизански одреди“, пред раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.

Според фотографиите од местото на настанот, во незгодата учествувале две патнички возила и еден мотоцикл. Неофицијално, лицето кое управувало со мотоциклот се здобило со повреди и му била укажана помош.

Полициски екипи се на терен, го обезбедуваат просторот и вршат увид за утврдување на причините за несреќата. Сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

Детални информации се очекуваат по завршување на полицискиот увид.