Skip to main content
Хроника

Вечерва сообраќајка кај Железничка станица

31/03/2025  22:15

Вечерва на булеварот „3-та македонска бригада“ во Скопје се случи сообраќајна незгода во услови на обилни врнежи и намалена видливост. Според првичните информации, во судирот има само материјална штета, без повредени лица.

Сообраќајот на крстосницата е отежнат, а возачите се повикуваат на внимателност поради лизгавиот коловоз и намалената прегледност.

Повеќе детали за причините за несреќата се очекуваат од надлежните служби.