
Вечерва во скопската населба Чаир се случи сообраќајна несреќа. Според информациите на ТВ21, во инцидентот има повредени лица, а на местото на настанот е забележано присуство на возило на брза помош.
Намалената видливост и лошите временски услови го отежнуваат управувањето со возилата низ земјава. Надлежните апелираат на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.