Skip to main content
Спорт

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

20/01/2026  10:41

По паузата поради празниците, денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите на УЕФА.

На распоредот се девет натпревари од 7. коло. Двојките се:

Каират – Клуб Бриж (почеток 16:30 часот)
Боде-Глимт – Манчестер сити (18:45)
Реал Мадрид – Монако (21)
Спортинг – ПСЖ
Копенхаген – Наполи
Виљареал – Ајакс
Олимпијакос – Баер Леверкузен
Тотенхем – Борусија Дортмунд
Интер – Арсенал.

Арсенал е прв по шест кола со максимални 18 бода.