
Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот комплекс „Инекс“ и претседателската вила во Охрид, откако беше пронајдено безживотно тело на маж.

Фотографии испратени до редакцијата на OhridPress го прикажуваат местото на настанот опколено со полициски ленти, додека форензичарите собираат траги. Засега не се соопштуваат детали за идентитетот на починатиот ниту за околностите под кои е пронајден.
Според првичните информации од СВР Охрид, повеќе податоци ќе бидат објавени утре, по завршување на увидот и по насоки од надлежното Обвинителство.