Skip to main content
Култура

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на анасамблот „Реј“ од Турција

19/07/2025  09:44

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечерва во 21 часот концерт ќе одржи ансамблот „Реј“ од Турција. Ансамблот го сочинуваат Ирем Бурша Бајир, мецосопран, Шениз Ердинч, сопран, Артур Багдасароглу, баритон, Берк Озбек, тенор и Алпер Акгул, пијано. Програма насловена „Од Кавказ до Балкан“ вклучува македонски и турски народни песни, како „Јовано, Јованке“, „Македонско девојче“, „Јалгизам“, но и извадок од ораториумот „Јунус Емре“ од Ахмет Аднан Сајгун, извадок од оперетата „Lüküs Hayat“ од Цемал Решит Реј и други.

Ансамблот „Реј“ го сочинуваат етаблирани музичари, докажани на сцената и се истакнуваат не само со својот талент туку со исклучителната способност да соработуваат меѓусебно и да воспостават уникатна поврзаност со публиката. Нивниот репертоар на специфичен начин ги комбинира богатството и универзалниот јазик на класичната музика со длабочината и уникатноста на турската музичка култура. Ансамблот изведува дела од Моцарт, Бетовен, Шуберт, како и дела од бројни турски композитори. Нивната основна идеја е дека музиката обединува, поради што како култури двигатели имаат значајно место во културната и уметничката сцена во Истанбул. Преку интензивната музичка естетика, ансамблот има цел да ја доближи музиката до пошироката публика