Skip to main content
Хроника

Вечерва голема полициска акција, се апси во Рашче

24/10/2025  22:32

Вечерва во селото Рашче, општина Сарај, се одвива голема полициска акција во која учествуваат специјални единици на МВР.

Според досегашните информации, акцијата ја спроведува СВР Скопје, а на терен се присутни бројни специјалци кои вршат претреси на повеќе локации.

Првичните информации говорат дека е пронајдена поголема количина на оружје и муниција.

Повеќе детали се очекуваат од МВР и обвинителството во текот на ноќта или рано наутро.