
Сериозен инцидент беше пријавен вечерва во Тетово, каде млада девојка паднала од станбена зграда во близина на џамијата „Гам Гам“, објавија tetova1.mk.
Според првичните неофицијални информации, станува збор за девојка со иницијали С.А., родена во 2006 година, која паднала од третиот или од четвртиот кат на објектот.
На местото веднаш интервенирале полициски и противпожарни екипи, по што девојката итно била пренесена на клиниките во Скопје за понатамошно лекување.
Неофицијални извори наведуваат дека таа била жива и свесна по падот, но се здобила со скршеници и други телесни повреди.
Лекарите продолжуваат со нејзиното лекување, додека надлежните институции работат на утврдување на сите околности околу инцидентот.


