Skip to main content
Балкан

Вечерва четиричасовна блокада на „Евзони“, можни застои кон Грција

05/01/2026  16:44

Вечерниот сообраќај кон Грција повторно се усложнува поради најавена четиричасовна блокада на граничниот премин „Евзони“ (Богородица). Според најавите, денеска, 5 јануари 2026 година, преминот ќе биде блокиран од 18:00 до 22:00 часот по македонско време, поради протестите на грчките земјоделци. Иако блокадата формално се однесува на товарниот сообраќај, грчките медиуми предупредуваат дека можно е создавање колони и доцнења и за патничките возила.

Ограничувања се најавени и на други гранични премини во северна Грција, меѓу кои и Ники (Меџитлија). За утре, 6 јануари, се најавува непречено движење, но земјоделците најавуваат нови протести и можни блокади по празникот. На граѓаните им се препорачува, доколку е можно, да го одложат патувањето за Грција вечерва или да се информираат за состојбата пред поаѓање.