Skip to main content
Хроника

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

06/10/2025  22:56

Вечерва во Скопје се одвивала вистинска филмска бркотница која завршила на патот кон населеното место Идризово, каде што полициските службеници успеале да го запрат џипот „ренџ ровер“, кој претходно избегал од неколку полициски обиди за запирање.

Според првичните, неофицијални информации, за време на потерата се слушнале пукотници, но засега не е познато кој употребил огнено оружје.

На видеоснимки што кружат на социјалните мрежи се гледа блокиран стариот пат кон Велес, кај Идризово, каде што полициски екипи се распоредени на терен, а возилото завршило во ендек покрај патот.

Од Министерството за внатрешни работи засега не даваат повеќе информации за случајот, а увидот и полициската истрага се во тек.