Skip to main content
Македонија

Вчера 585 прекршоци за брзо возење, 50 за црвено светло и 16 возила биле нерегистрирани

03/02/2026  11:52

Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026), преку системот Безбеден град евидентирани се вкупно 651 сообраќаен прекршок на територијата на државата.

Најголем дел од прекршоците, односно 585, се однесуваат на возење со брзина поголема од дозволената. Дополнително, регистрирани се 50 прекршоци за минување на црвено светло, како и 16 прекршоци за управување со нерегистрирани возила.

Во рамки на контролите, надлежните служби изрекле и вкупно 58 забрани за управување со моторно возило, согласно важечките законски прописи.

Од институциите упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел заеднички да се придонесе кон зголемување на безбедноста и намалување на сообраќајните незгоди на патиштата низ целата држава.