Skip to main content
Свет

Ватикан: Состојбата на Папата останува критична, му откажуваат и бубрезите

23/02/2025  20:25

Состојбата на Папата Франциск останува критична, а како што соопшти Ватикан, тестовите на крвта покажале и знаци дека има благо откажување на бубрезите.

Сепак, велат дека ситуацијата е под контрола и Папата не покажал дополнителни респираторни кризи од вчера вечерта.

Тестовите на крвта на папата укажале на „почетна, блага бубрежна инсуфициенција, која моментално е под контрола“, соопшти Ватикан, додавајќи дека папата продолжува да биде „внимателен и добро ориентиран“.

Франциск е во болница од 14 февруари, каде што продолжува да добива кислородна поддршка, но денес учествувал на света миса од болницата.

„Комплексноста на клиничката слика и неопходното чекање фармаколошките терапии да дадат одредени повратни информации, бараат прогнозата да остане резервирана“, соопшти Ватикан.