Skip to main content
Свет

Ватикан по влошената состојба на Папата: „Следните 24 до 48 часа се клучни“

28/02/2025  22:38

Ватикан соопшти дека следните 24 до 48 часа ќе бидат клучни за папата Франциско, откако неговата здравствена состојба нагло се влошила.

„Следните 24 до 48 часа ќе бидат значајни за папата Франциско. Неговата состојба се влоши“, соопшти Светата столица.

„Епизодата беше искомплицирана со повраќање“, соопшти Ватикан. „Медицинскиот персонал го третираше проблемот со аспирација пред да го стави папата на механичка вентилација“, се вели во соопштението.

Папата Франциско беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, а во четвртокот беше објавено дека дијагностицираниот проблем со бубрезите е решен.

Во вторникот, Ватикан соопшти дека папата четврти ден по ред останува во критична состојба, но дека е стабилен и дека нема никакви нови респираторни проблеми.

Папата Франциско, кој е на чело на Католичката црква од 2013 година, имаше неколку здравствени проблеми во последните две години. Склон е на белодробни инфекции, бидејќи како млад развил плеврит и хируршки му бил отстранет дел од белите дробови.