
Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 24-годишната Фросина, денеска присуствува на седница во Апелациониот суд во Скопје.

Јованов е таму по претходно обвинение за кое беше суден – за недозволена трговија со наркотични средства.
Станува збор за постапка што се води пред повисока судска инстанца, каде Обвинителството поднсе жалба на пресудата од Основниот суд, кој претходно го прогласи виновен и му изрече казна затвор. На денешната јавна седница во Апелација, присутни беше и неговиот бранител, кој се противи на повисока казна за неговиот клиент.
Страната на Обвинителството ја брани вишата обвинителка Фатиме Фетаи.
Според обвинението во овој случај, Јованов се товари дека бил вмешан во дистрибуција на дрога.