Skip to main content
Македонија

„Ваш пратеник“ – почна емитувањето на серијалот емисии со пратениците на Собраниски канал

04/09/2025  17:58

Собранискиот канал инфомира дека започнува со емитување на серијалот интервјуа  со пратениците од Собранието на Република Северна Македонија во емисијата „Ваш пратеник“.

Пратениците, како што информираат од собраниската прес-служба, преку своето претставување во емисијата, зборуваат за нивниот личен и професионален развој, средината од каде потекнуваат, почетоците на влезот во политиката, како и за нивните понатамошни заложби во работата на Собранието.

Емисијата „Ваш пратеник“, освен што ги претставува пратениците во прво лице и нивната политичка припадност, истовремено е и осврт кон сработеното и реализираните активности на пратеникот во Собранието (колку предлози на закони има поднесено, учество во дискусии, придонес кон зацврстување на имиџот и транспарентноста на Собранието како претставнички дом и сл.).

Серијалот емисии со пратениците се емитува секој работен ден по редовните термини на вестите на Собраниски канал, во 14:30 и 18:30. За време на викендите, ќе се репризираат емитуваните емисии од тековната недела, по емитувањето на Прегледот на вестите на неделата, во термините во сабота и недела во 12 часот.

www.youtube.com/@sobranienarsm