Димитар Тодоровски е новото засилување на ФК Вардар. Тој доаѓа од АП Брера, инаку потекнува од фудбалската школа на Работнички каде ја почна својата професионална фудбалска кариера.
„Чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од најголемиот фудбалски бренд во Македонија. Oчекувањата се да се искачиме погоре на табелата и да го освоиме Купот на Македонија, па од следната сезона да го вратиме Вардар каде што му е местото, а тоа е врвот на табелата“, изјави Тодоровски.
Тодоровски беше член на младинската фудбалска репрезентација на Македонија за која настапено 29 пати.
Претходно Вардар ги претстави и Мите Цикарски и Михаим Маневски.