Skip to main content
Спорт

Вардар против Пелистер за трофејот од ракометниот Куп на Македонија

01/06/2025  11:59

Екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе играат денеска во финалето на Купот на Македонија во салата „Билјанини извори“ од 17:30 часот.

Во вчерашните полуфинални дуели, „црвено-црните“ го совладаа минатогодишниот освојувач на Купот – Алкалоид, откако беа подобри по пенали, додека Битолчани запишаа тешка победа над домаќинот Охрид.

За скопскиот тим ова ќе биде 22 финале, додека за петкратните освојувачи на Купот од Битола, ова ќе биде финале бр.17.