Skip to main content
Македонија

Вардар пресуши, Гостивар остана без својата најголема природна убавина

23/09/2025  18:43

Една од поубавите глетки што треба да го краси градот Гостивар – реката Вардар, деновиве е речиси целосно пресушена.

Наместо силен тек, остана само суво корито полно со камења, а вода има само во неколку помали бари. Овој тажен пејзаж е потсетник дека природата и локалните власти имаат итен проблем за решавање.

Состојбата не е само резултат на летните горештини, туку и на долгогодишната негрижа. Коритото е преполно со ѓубре, а бреговите обраснати со запуштена вегетација. Сликата зборува за потребата од итно дејствување за да се спаси реката, која со години е симбол на градот.

Граѓаните очекуваат институциите конечно да преземат сериозни мерки за чистење и одржување на речното корито, како и да се вложи во проекти за заштита на животната средина. Во спротивно, Вардар ќе остане само тажна слика на запуштеност, а Гостивар ќе го изгуби едно од своите највредни природни богатства.