Skip to main content
Спорт

Вардар остана без спортски директор, наскоро ново решение

26/08/2025  16:40

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар објави дека во периодот кој следи ќе добие нов спортски директор, откако клубот се раздели со актуелниот Игор Ивановски.

„После четиринаесет месеци повеќе од успешна соработка, ФК Вардар АД и спортскиот директор на клубот Игор Ивановски, спогодбено се разделија. Клубот му благодари на сработеното и му посакува успешна следна епизода во животот“, соопштија од клубот.

Ивановски стана дел од Вардар со преземањето на новото раководство и заминува со освоена титула во Купот на Македонија, оставајќи зад себе белег во последниот циклус на клупските успеси.