
Вечерва од 19.30 во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра натпреварот РК Вардар 1961 – РК Еурофарм Пелистер, по кој ќе биде познат новиот македонски ракометен првак.

Пред натпреварот и двете екипи имаат по 19 бода, но Вардар е во блага предност поради подобрата гол разлика.
На ракометарите на Вардар доволно им е и реми за да ја освојат титулата, додека актуелниот шампион Пелистер мора да победи со најмалку два гола разлика ако сака да ја одбрани титулата.
Билетите за овој меч беа експресно продадени, „Комити“ најавуваат спектакл, а клубот од Скопје околу салата ќе постави Фан зона за сите навивачи кои не успеале да купат билет за натпреварот.